Откако Џенифер Лопез се омажи со Бен Афлек на церемонија во Лас Вегас, американските медиуми ја нарекоа „кралица на свршувачките“. Пејачката и актерка има шест свршенички прстени, кои заедно вредат 14.4 милиони долари.
Првиот прстен што го доби Џенифер чинеше само 100.000 долари, а ѝ го подари нејзиниот прв маж, Ојани Ноа. Двојката се разведе по една година брак.
Во 2001 година Џенифер доби нов дијамант, од танчерот Крис Џејд. Овој прстен вредеше еден милион долари.
По разводот со Крис, Лопез почна да се гледа со Бен Афлек. Се свршија во 2002 година, а актерот ја побара за жена со прстен вреден 2,5 милиони долари. Иако велеа дека се среќни, ја прекинаа свршувачката во 2004 година, непосредно пред свадбата и никогаш не се венчаа.
Откако раскина со Афлек, Џенифер се омажи за латино пејачот Марк Ентони, кој ја сврши со прстен вреден 4 милиони долари. Во бракот кој траеше десет години доби близнаци, син и ќерка.
По разводот, Џенифер се заљуби во некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез. Врската траеше четири години, а Алекс ѝ подари прстен од 1,8 милиони долари кога ја побара за жена. На крајот, Лопез и Родригез ја раскинаа свршувачката, а брзо потоа пејачката почна пак да се гледа со некогашниот дечко Бен Афлек.
По една година љубов, Бен вторпат ја побара Џеј Ло за жена, овој пат со зелен дијамантски прстен кој го платил 5 милиони долари.