Бенедикт Камбербач ќе прими семејство од Украина во својот дом

Глумецот Бенедикт Камбербач рече дека ќе прими едно семејство од Украина да живее во неговиот дом. Тој за Sky News рече дека ги чека на неговиот имот во Велика Британија.

Бенедикт објасни дека претходно се приклучил во програмата за примање и сместување на бегалци. Глумецот го носеше украинското знаме додека го промовираше својот најнов филм Doctor Strange In The Multiverse Of Madness.

„Се извлекоа од Украина и го следам нивниот напредок секој ден. За жал беа во таква состојба што мораа да добијат и медицински третман. Не сакам да зборувам ништо повеќе од ова, затоа што би навлегол во нивната приватност, а да зборувам за тоа кога ќе стигнат, ќе биде задирање и во мојата. Сакам да им дадам малку стабилност, по сето она низ кое минаа“, рече Бенедикт.

Глумецот објасни дека им помогнал и на други луѓе околу трошоците за сместување во Велика Британија, чии семејства избегаа од Украина.

„Се обидуваме да им помогнеме и на други семејства од Украина, оние кои се државјани на Велика Британија, за да ги сместат нивните семејства. Тоа е многу скапо, па и јас помогнав финансиски“, додаде тој.

Тој исто така објасни дека работи и во рамки на добротворната организација Refugees at Home и додаде дека иако помошта која им ја нуди на луѓето во Британија е брлијантна има уште многу да се направи околу тоа.

 

Scroll to Top