Бреговиќ и Лепа Брена биле во љубовна врска во нивните помлади години. Брена имала 23 години кога нејзината музичка кариера била во подем, додека Брега имал 34 години и веќе бил голема музичка ѕвезда. Српските медиуми пишуваат дека во тој период се случила и нивната љубовна романса, за која никогаш не потврдиле.
Хрватски Јутарњи лист објавил фотографија на која во насловот ја потврдува тајната љубов на Лепа Брена и Горан Бреговиќ. Фотографија која ја добиле од анонимен извор, била направена во 1984 година на островот Шќедро, кој се наоѓа покрај јужниот брег на Хвар.
Во 1993 година Горан Бреговиќ во Париз се ожени со сопругата Џенана Суџука со која има три ќерки, додека Брена две години претходно се омажи за Слободан Боба Живојиновиќ со кого и денес ужива во голема љубов.