Ендру Гарфилд се повлекува од глумата: Сакам да живеам нормален живот

Глумецот Ендру Гарфилд најави дека ќе паузира од глумата оти сака да живее нормален живот. Во интервју за „Варјати“ тој изјавил дека ќе се повлече кога ќе заврши со снимањето на серијата „Под знамето на рајот“, адаптација на крими-романот на Џон Кракауер од 2003 година.

„Ќе одморам малку. Треба да преиспитам што сакам да правам следно и кој сакам да бидам. Бидејќи, како што знаете, тоа е машина за перење, таа сезона на награди. Едноставно, сакам да бидам обичен човек некое време,“ рекол Гарфилд.

Ендру неодамна глумеше во „Тик-так… бум!“, а имаше и улога во најновиот филм од серијалот за Спајдермен, „Човекот пајак: Далеку од дома“.

 

 

Scroll to Top