Над 100 илјади прегледи доби видеото објавено во петокот за песна на Ѓорѓе Балашевиќ насловена „Роденденска“ посветена на неговата сопруга Оливера.
Песната посветена на неа беше објавена по повод 63.роденден на неговата сопруга.
Песната е балада во времетраење од 6 минути и напишана од Балашевиќ, но никогаш не била отпеана во јавноста.
Семејството на кантавторот ја во петокот пред нивниот дом во Нови Сад ја промовираше и книгата поезија „Добир на свилата“, која содржи необјавени песни, но и писма што си ги испраѓале Ѓорѓе и Оливера.