Значењето на тетоважите на Златан Ибрахимовиќ: На стомакот има порака до новинарите и навивачите

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој во моментов го носи дресот на „Милан“, открива кое е значењето на тетоважите што ги има истетовирано на неговото тело. Ги има во голем број, а во интервју за The Sun открива за дел од нив и нивното значење.

На зглобот на десната рака има тетоважа позната како „шифрата на Ибрахимовиќ“, односно има датуми на раѓање на сите машки членови од неговото семејство. Татко му Шефик, покојниот брат Шапко, другиот брат Александар и деновите кога се родени неговите два сина Максимилијан (9) и Винс (8).

Бидејќи има голема почит кон различните религии, на десното рамо го има истетовирано Јант Прајао Као Нироте, кој бил будистички свештеник.

На горниот дел од десната рака, Ибрахимовиќ ги има имињата на неговите два сина со арапски фонтови.

На горната лева страна од грбот Ибрахимовиќ има истетовирано риба, која е синоним за сила и храброст.

Тетоважата на стомакот има порака која Златан ја истетовирал: „Само Господ може да ми суди“. За оваа тетоважа, Ибрахимовиќ изјавил: „Можеа да пишуваат што сакаат во весниците за мене, да врескаат што било од трибините. Не можеа да ме нападнат. Само Господ може да ми осуди!“, изјавил Златан. 



На десната страна има истетовирано црвен змеј кој ја покажува неговата воинствена личност и доаѓа од јапонската култура.

На левиот зглоб Ибрахимовиќ овде ги има датумите на раѓање на неговата мајка Јурка и сестрата Санела.

На левиот бицепс го истетовирал името на неговата мајка Јурка, со арапски фонт.

Ибрахимовиќ во автобиографијата „Јас сум Златан“ признава дека мастилото за него станало како дрога. На почетокот тој се противел на тетоважите, но признава дека сепак се нашол во искушение.

Тој во 2015 година беше дел од хуманитарна кампања за борба против гладот во светот, па тогаш направи привремени тетоважи по целото тело со имињата на гладни луѓе кои водат секојдневна битка како да се прехранат.
„Имам 50 имиња со привремени тетоважи на моето тело. Тоа се имиња на вистински луѓе кои страдаат од глад насекаде во светот. Тетоважите веќе ги нема, но луѓето се сеуште таму. Има 805 милиони луѓе кои страдаат од глад насекаде во светот. Сакам да ги видите нив преку мене, да помогнеме преку „Светската програма за храна“. Ова е прв пат како јавно се учествувам во хуманитарна акција. Ако можеме да стигнеме до светските лидери, сигурен сум дека заедно можеме да го решиме проблемот со гладот во целиот свет”, изјави тогаш Ибахимовиќ.
Scroll to Top