Оскаровката Никол Кидман објави фотографија од снимањето на серијата The Exapts, а нејзините фанови ѝ коментираа дека изгледа непрепознатливо. Тие тврдат дека Кидман направила естетски корекции. Го затегнала лицето и речиси ги покрила сите брчки.
„Повторно на работа“, рече Кидман, која во моментов ја снима драмата на „Амазон“, Expats во Хонкконг.
Таа веќе со години делува премногу затегнато во лицето, а многумина се жалат на нејзиниот вештачки изглед затоа што важеше за една од најубавите актерки во изминатите децении.
„Образите ти се отечени, а очите воспалени“, ѝ коментираа фановите.
Никол со години негира дека направила какви било корекции, велејќи дека нежното лице ѝ е благодарение на тоа што не пуши и постојано носи крема со заштитен фактор.