Актерката Амбер Херд на судењето со Џони Деп имаше можност да ја каже и нејзината страна од приказната. Таа на судијата му покажа фотографии од Деп и рече дека на моменти губел контрола и дека се дрогирал со денови. Таа тврди дека фотографиите ги направила откако се издрогирал.
Ги снимала моментите кога двајцата се карале. На прашањето зошто ги направила фотографиите место да му помогне, таа одговори дека сакала да го документира неговото однесување за да може да има докази. Во спротивно ќе било нејзиниот против неговиот збор.
Фотографиите ги направила во 2013 година.
„Можев само да претпоставам што користи по трагите кои ќе ги пронајдев. Ќе се онесвестеше и ќе изгубеше контрола врз себе, а потоа ќе дојдоа неговите вработени да го подигнат и измијат“, рече Амбер пред судот која објасни дека морала да слика затоа што и другите ќе негирале.
View this post on Instagram
Првата фотографија која ја направила била од летниот одмор на еден остров. Таа тврди дека на почетокот Деп се однесувал нормално, но се променил откако почнал да се дружи со еден негов пријател Пол Бетани.
На судот му покажа и фотографија која наводно е направена на 22 март 2013 година, кога Деп се обидел да ја запали фотографијата од нејзиниот поранешен дечко. Претходно на судењето Деп ја обвини и дека таа го изневерувала со него.
Амбер тврди дека тоа се случило откако Деп неколку дена претходно земал дрога. Таа тврдеше дека Деп и често пиел пред деца кои не знаеле како да реагираат на тоа. Таа се сети и на еден инцидент во Јапинија, кога Деп наводно ѝ викал и ја нарекувал кучка.
„Ми рече дека погрешил што е со мене и дека наскоро ќе се ослободи. Ми рече многу одвратни работи тогаш“, рече Амбер.
За потсетување, Џони Деп ја тужи Амбер за оштета од 50 милиони долари поради нејзините јавни обвинувања за семејно насилство, поради кои останал без ангажман во серијалот „Пирати од Карибите“. Таа му врати со контратужба и бара од него дупло повеќе пари за клевета и претрпена душевна болка.
„Пишував за цената која жените ја плаќаат кога ќе зборуваат против мажите. И понатаму ја плаќам таа цена, но се надевам дека кога овој случај ќе заврши, ќе можам да продолжам понатаму, како и Џони“, рече Амбер неколку дена пред судењето.