Дваесет и тригодишната медицинска сестра од Лавов, Оксана, која пред неколку недели остана без двете нозе, сега се венчаше во болница и го играше првиот свадбен танц со сопругот Виктор.
Тие се венчаа во болницата неколку недели по несреќата. Покрај двете нозе, Оксана останала и без четири прсти на левата рака. Со Виктор се венчаа во болничкиот оддел каде што таа закрепнува од операцијата. Оксана ги изгуби нозете и прстите откако мина експлодираше под неа.
Несреќата се случила на 27 март во градот Лисичанск, на истокот од Украина. Во тие моменти и Виктор бил со неа. Од нејзиното лекарско здружение рекоа дека мината експлодирала кога Оксана и Виктор тргнале на пат кон дома. Пред експлозијата таа се обидела да го предупреди Виктор.
За среќа, тој останал неповреден, а Оксана била во животна опасност. Потребни биле четири операции за да ѝ го спасат животот. На крајот била однесена во Днепар каде што продолжила да закрепнува.
The 23-year-old nurse from Lysychansk (Luhansk region) Oksana, who lost both of her legs and 4 fingers in a mine explosion a month ago, today marries her sweetheart Victor in Lviv hospital. This is their first dance as newlyweds 💔 😭 #Ukraine #StopRussiaNow #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/BiDiH3gUZT
— zaborona_media (@zaborona_media) May 2, 2022