Саша Богдановиќ стана татко: Добредојде сине, Лазаре

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, стана татко. Неговата сопруга Јелена се породи со синот Лазар, а веста за бебето ја сподели Саша. И мајката и бебето се добри, а породувањето помина во најдобар ред.

„Слава ти Боже. Добре ни дојде сине Лазаре“, објави Богдановиќ.

За посетување, Саша додека беше градоначалник на Центар, со „Пукни зоро“ и српско знаме во манастирот во Грачаница во Косово се венчаше со сопругата Јелена. Но, не случајно го избрале тоа место.

„Сето ова има симболика и за мене и за сопругата. Имаме приказна зошто решивме таму. Особено Јелена, која е поврзана со тој манастир, ама и јас. И венчавката беше со ограничен број луѓе оти и таму важеа ковид-мерките како и кај нас“, раскажа  Богдановиќ неодамна во интервјуто за Репортер.

Со сопругата Јелена, која предава одделенска настава во ОУ „Киро Глигоров“, по една година врска, се решиле за брак. „Сфативме дека ќе нѐ биде и дека може да се трпиме. Ја побарав за жена на класичен начин – со прстен, на колена, како што сметав дека треба“, вели Богдановиќ, кој меѓу луѓето е познат како Српче.

 

Scroll to Top