За време на новото сведочење Амбер Херд во судот ги покажа љубовните пораки кои му ги пишувала на бившиот Џони Деп. Пораките таа ги чувала во нивниот заеднички дневник во кој и двајцата пишувале што мислат еден за друг.
Судењето меѓу Деп и Амбер влезе во четврта недела. Деп ја тужеше Амбер во 2019 година за клевета, откако таа напиша текст за „Вашингтон пост“ дека трпела семејно насилство.
Иако Деп не беше споменат во текстот, со нејзиниот потпис јасно беше за кого станува збор, текст кој подоцна Џони Деп го чинеше кариера и губење на милиони долари.
Во еден од љубовните записи кои ги имала во дневникот, Амбер на 22 мај во 2015 година напишала: „Вистинската љубов не е само лудило, страст или бирање на сигурност и мир. Се работи за тоа да го имаме и двајцата. Видов во тебе вистинско пријателство и почит, но сè уште повеќе од кога било сакам да те растргнам, изедам и да уживам во вкусот“.
„Едвај чекам да ти кажам колку те обожавам. Не можев да замислам поубав меден месец“, напишала Амбер во дневникот на 1 август 2015 година.
„Дај да се обидам ова да го поправам, да се обидам ова да го закрпам. Го заслужуваш тоа. Ти требам. Ти си мојот камен темелник, моето срце, моето сè. Мразам кога се караме. Те сакам повеќе од сè на светот. Ти требам, те сакам“, напишала Амбер.
„Жал ми е што можам да полудам. Жал ми е што те повредив. Како и ти, можам да станам злобна кога сум повредена“, напишала Амбер на 8 април 2016 година.
Херд пред судот рече дека дневникот бил љубовен бележник и дел од нивната комуникација.
„Ми беше важно да се обидам да негувам што повеќе мир, колку што е можно“, рече Амбер во судот.