(Видео) Тејлор Свифт дипломираше и доби почесен докторат на Универзитетот во Њујорк

Пејачката Тејлор Свифт доби почесен докторат од њујоршкиот универзитет за уметност. Докторатот го доби на церемонија на стадионот Јенкис, а одржа и говор пред студентите.

„Здраво, јас сим Тејлор. Последен пат кога бев на стадион со оваа големина танцував на потпетици и носев светкаво трико. Оваа облека е многу поудобна“, рече Тејлор и додаде дека е возбудена што е меѓу нив и што го слави дипломирањето.

„Никој од нас денес овде не го направи ова сам. Сите ние сме дело на оние кои не сакаат, оние кои веруваат во нашата иднина, оние кои ни покажаа емпатија и добрина, или ни ја говореа вистината, дури и кога таа не е лесно да се слушне. Оние кои ни рекоа дека можеме да го направиме тоа, иако за тоа нема апсолутни никакви докази“, рече Тејлор.

Таа додаде дека никогаш немала нормално искуство на студирање.

„Јас одев во јавно средно училиште до 10. одделение, а потоа го завршив школувањето работејќи по дома и на подовите на терминалите на аеродром“, рече Тејлор и се заблагодари на сите.

„И никогаш немојте да се плашите да се обидувате. Прегорда сум што го делам денес овој ден со вас. Ви благодарам“, рече пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Scroll to Top