Манекенката Адријана Лима во црн долг фустан отворен на стомакот се појави на црвениот килим на премиерата на филмот „Топ ган“. Ваквиот модел на фустан е популарен помеѓу славните трудници. Сличен стајлинг носеше и пејачката од Барбадос, Ријана, која каде и да се појавеше го покажуваше трудничкиот стомак.
Премиерата на филмот се одржа на Канскиот филмски фестивал во Франција, а Лима блесна во фустан на Balmain со накит Chopard. До манекенката беше и нејзиното момче, филмскиот продуцент Андре Лемерс со кого чека бебе.
View this post on Instagram
Покрај тоа што се појави на премиерата на филм, Лима откри дека се сликала и за насловната страница на бразилското издание на магазинот „Elle“.
View this post on Instagram
Адријана неколку пати носеше фустани со деколте од објавувањето на нејзината бременост во февруари, а неодамна носеше и фустан на модната ревија за Александар Ванг.
На Лима ова ќе и биде трето дете, а од првиот брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ има две ќерки Валентина и Сиена.