Почина примабалерината Натка Пенушлиска-Митровска, чија кариера ја помина во Националната опера и балет. Пенушлиска балетската кариера ја почнала на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ.
Ги играла сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл. Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуозност и експресивна емотивност при креирањето на улогите. Пенушлиска е синоним за балетската уметност во Македонија. На Југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Таа управува со Балетот при МНТ во период од 1967 до 1968 година.
Примабалерината Натка Пенушлиска Митровска е родена во Скопје на 24 ти април 1934 година.