Филмот „Топ ган“ со Том Круз е еден од ненадминливите класици и сега, по цели 36 години, конечно има втор дел. Првиот „Топ ган“ беше претставен во далечната 1986 година, за денес да го добие вториот дел. Многумина се откажаа од идејата за продолжение, а еден од нив е и новинарот Мет Печес, кој во 2010 година во својата, сега избришана твитер-објава, напиша дека ќе изеде чевел ако се случи „Топ ган 2“.
Пред неколку дена, на својот јутјуб-канал Печес објави видео под наслов „Изедов чевел поради Топ ган 2“, а на него се гледа како тој си го одржувл ветувањето.
За да нема дигестивни проблеми, тој направи чевел од овошје и врвки од шеќер. За да биде предизвикот поцелосен, во импровизираниот чевел Мет одеше по улица и по тревникот.
Исто така, на својот твитер-профил сподели интересен подарок од продуцентската куќа „Парамаунт“.
– Никој не го заборави моето ветување, вклучително и луѓето од „Парамаунт“ кои се прилично возбудени што не бев во право – напиша тој под фотографијата од тортата во форма на чевел што му ја испратиле.
Повикувајќи се на своето тврдење од пред 12 години, новинарот се обиде да се оправда.
– Изгледаше невозможно, но зошто да се сомневам во Том Круз. Ова беше голема грешка бидејќи тој беше уште попосветен на изведувањето акробации – заклучи Мет.
– Нема да се случи „Топ ган 3“, но не планирам да јадам друг чевел – се пошегува тој.