Кралицата Елизабета Втора ќе ја запознае Лилибет, ќе дојде на нејзиниот прв роденден

Кралицата Елизабета Втора ќе ја запознае ќерката принцот Хари и војодтката од Сасекс,Меган Маркл, Лилибет. Таа ќе го прослави првиот роденден на 4 јуни, на којќе присуствува и нејзината прабаба.

Кралицата најверојатно ќе го пропушти својот омилен настан, трките со коњи Епсом, поради нејзиниот роденден. Наводно, ова ќе биде трет пат во владеењето на кралицата таа да пропушти тензично дерби. На местото на Елизабета Втора ќе дојде принцезата Ана и да го претставува кралското семејство во нејзино име.

Извори од палатата изјавија за „Сан“ дека се направени напори „да се осигура“ дека кралицата може да стигне до кралската ложа на големиот ден. Таа веќе извесно време има проблем со движењето и се превезува од едно до друго место со модерно возило.

„Направени се прилагодувања за да се направи на кралицата да и биде што е можно поудобно“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Откако на почетокот на годината го откажа присуството на многу настани во земјата, кралицата во последно време се почесто се појавува во јавноста. Неодамна беше на Кралската коњска трка во Виндзор, но и на отворањето на железничката линија што го носи нејзиното име „Elizabeth line“.




		
		
			
Scroll to Top