По 12 години се разделија Шакира и Пике

Еден од најпознатите светски парови, Џерард Пике и Шакира се разделија. Ова го тврдат некои од шпанските таблоиди кои пренесоа дека причината е неверство. Наводно Шакира го фатила Пике со друга девојка.

Тој веќе се иселил од нивниот заеднички дом и веќе некое време живее сам во стан во Барселона. „El Periodico“ пренесе дека повеќе соседи го виделе како ја напушта зградата и дека редовно излегува во ноќни клубови со неговите помлади соиграчи од Барселона.

„Фудбалерот претходно често можевме да го видиме во друштво на Шакира, но не и сега“, велат тие. Некои од фановите забележаа и дека и двајцата немаат споделено заеднички фотографии на „Инсгаграм“, веќе подолго време. Тоа не било случај во минатото.

Последната фотографија која Шакира ја објавила со Пике е од март. Некои тврдат и дека приказната за раскинувањето е поткрепена и со последната песна на Шакира „Te Felicito“ во која таа пее за маж кој ја изневерил и ја „скршил“ на илјада дела.

 

Scroll to Top