Адвокатката на Амбер Херд, Елејн Бредехофт рече дека поротата која одлучувала за тужбата на Џони Деп за клевета против неговата бивша сопруга била под влијание на она што го читале на социјалните мрежи.
По седум недели, судењето заврши во средата, а поротата пресуди во корист на Деп и му додели 10 милиони долари отштета и пет милиони долари казнена отштета. Отштетата подоцна судијата Пени Азкарате ја ограничи на 350.000 долари.
За овој висок профилиран случај на големо се зборуваше и на социјалните мрежи, а адвокатката на Херд, Бредехофт тврди дека не постои можност поротата да не била под влијание на она што го читале по социјалните мрежи за време на судењето.
„Како не? Секој вечер одеа дома. Имаат семејства. Членовите на семејствата се на социјалните мрежи. Имаа само пауза од 10 дена за време на судењето. Нема шанси тоа да не влијаело на нив“, рече Бредехофт и додаде дека следењето на судењето на социјалните мрежи било ужасно.
„Знаете, тоа е како римски Колосеум. Така го гледаа целиот овој случај. Бев против да има камери во судница поради чувствителноста и природата на случајот, а тоа од овој случај направи зоолошка градина“, рече таа.
Бредехофт која беше прашана дали Херд има да му плати отштета на Џони Деп, одговори дека актерката немала 10 милиони долари.