Халид Муслимовиќ изгуби уште една тужба од бившата љубовница

Пејачот на народна музика Халид Муслимовиќ изгубил уште една тужба од неговата поранешна љубовница Соња Башиќ. Таа го тужела за нарушен углед и чест, пренесоа српските медиуми.

Како што пишуваат тие, Халид ќе мора да ѝ плати 2.500 евра и ќе мора да ѝ се извини во медиумите за клеветите против неа. Пејачот пред две години им предал на новинари документи во кои ја наклеветил и ја нарекувал со разни грозни имиња.

„Ме нарекуваше со грозни имиња и ме навреди во секој поглед. Јас имам две деца и сакам да живеам нормален живот“, рече Соња за медиумите.

Основниот суд минатата година во Бања Лука го осуди во кривична постапка и пресуди дека мора да ѝ плати 600 евра поради телесните повреди и загрозување на безбедноста на Соња.

Популарниот пејач на народна музика ја изгуби тужбата во судот во Приедор, а Соња во емисијата „Плус Србија“, рече дека Муслимовиќ ќе мора да ѝ плати отштета за нарушениот углед.

„Она што е најважно, ќе мора да отиде во медиумите ѝ да ми се извини за клеветите“, рече Соња.

За потсетување, Халид го чекаат уште две судења за надомест на штета за физичк злоупотреба и судењето со неговата ќерка во врска со куќата која исто така е предмет на спор.

„Тука се придобивките и за телесни повреди и психа. За тоа нема надомест, ниту за мене, ниту за која било жена што доживеала насилство. Тоа судење е важно и за оспорување на имотот. Ми должи 107.000 евра, а има и други трошоци. Јас му се најдов многупати и дадов сè од себе за да му помогнам. Бев со него кога немаше никој, а на крај го доживеав тоа што го доживеав“, рече Соња.

Таа откри дека Халид веќе бил осуден за злоупотреба врз жени во Америка и Австралија и рече дека постојат документи со кои може да го докаже тоа. Пред три години му била одбиена визата за Канада поради тужба во која се товари за насилство.

 

 

Scroll to Top