(Фото) Наташа Беквалац се разголе на свирка

Пејачката Наташа Беквалац на еден од нејзините настапи се разголе на сцената. Таа носеше долго црно палто кое потоа го соблече, а на себе имаше само проѕирен костим. Градите и  интимните делови ѝ беа покриени со циркони.

Беквалац рече дека секојдневно вежба и се труди да изгледа совршено, но призна дека не била отсекогаш ваква. Како мала  немала самодоверба како сега.

„Уште од мала бев со разнишана самодоверба. Можеби сега не изгледа така, но кога бев тинејџерка бев многу несигурна во себе. Некои од блиските тоа го забележуваат и денес и тоа е борба која ја водам секој ден, иако се однесувам како некој што пука од самодоверба“, рече Беквалац.

 

Scroll to Top