Фолк-пејачката Сузана Гавазова веќе неколку дена ужива на семеен одмор на Миконос, со нејзиниот сопруг Јасмин и двете ќерки Емили и Селена. Таа на социјалните мрежи секојдневно објавува фотки и видеа во костим за капење, а откако објави видео на кое сопругот страсно ја бакнува, таа се пожали дека некои коментари ја навредиле и разочарале.
„Читам коментари за мене и не ми се верува колку грди зборови можат да напишат некои луѓе (главно мажи) и се прашувам зошто? Вие што мислите зошто? Кај нас жената е многу навредувана и тоа не е во ред. Размислете малку пред да напишете глупост. Почитувајте го тоа што е ваше, барем со молчење“, напиша пејачката на стори.
Од одморот на Миконост Сузана Гавазова покажа дека таа и нејзините ќерки носат иста боја на костими за капење, како пред две години.
View this post on Instagram