Асанж ќе биде испорачан во САД, ќе му се суди за шпионажа

Државната секретарка на Велика Британија, Прити Пател, донесе одлука основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да биде депортиран во САД. Таа во петокот потпиша наредба со која го одобри неговото испорачување во Вашингтон.

Во барањето за неговото испорачување во САД е наведено дека на Асанж треба да му се суди по 18 обвиненија за кршење на законот и шпионажа. Исто така медиумите пренесоа дека правниот тим на Асанж ќе поднесе жалба на ваквата одлука.

 

Scroll to Top