(Фото) Торта во боите и дресот на Португалија и забава со најблиските доби синот на Роналдо и Георгина за роденден

Синот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, Роналдо Јуниор го прослави 12 роденден. Португалецот со сопругата Георгина му организираа забава на која дојдоа семејството и најблиските пријатели и му подарија торта во боите на Португалија.

„Маѓичен и посебен ден“, напиша Георгина и објави фотографии од роденденот.

Тортата беше на два ката со фудбалски мотиви. Имаше украс со бројот седум, кој Роналдо го носеше на неговиот дрес, а на кој пишуваше среќен роденден. Откако Роналдо Јуниор ги дуваше свеќите, се фрлаа златни конфети во форма на ѕвезди. 

Георгина на забавата ја донесе и ќерката која неодамна ја доби со Роналдо.

„За среќен ден и живот полн со прекрасни моменти. Мама, тато, браќата и сестрата ќе продолжат со тебе рака под рака да одат, скијаат, летаат, пливаат, едрат, сонуваат, создаваат и уживаат. Така сме горди што постоиш. Те сакаме бесконечно“, му посака Георгина среќен роденден на синот.

И Роналдо му честиташе.

„Среќен роденден сине мој. Како минува времето. Сакаш ли да играме заедно? Најважно е да бидеш дечко со големо срце. Среќно кученце, тато те сака многу“, напиша фудбалерот.

 

 

Scroll to Top