Семејството на Амбер Ален, кое живее самоодржлив живот со одледување сопствен зеленчук, овошје, чување животни, поради долг од 65.000 евра, одлучило да почне да штеди. Со оглед на споменатиот долг, ова семејство пред неколку години почна да штеди на разни производи, кои вообичаено секојдневно ги купуваме во продавниците.
Пред неколку месеци Амбер Ален на својот канал на „Јутјуб“ покажа како ги заменила класичната тоалетна хартија и хигиенските производи, кои денес им се достапни на сите.
„Почнавме да користиме платнени марамчиња наместо тоалетна хартија. Меѓу другото, затоа што сфативме дека буквално фрламе пари во тоалетот. Исеков стара облека, некои што повеќе не ми се допаѓаа, некои што беа веќе не беа за носење. За среќа, открив и дека памучните ќебиња се многу посоодветни за таа намена“, раскажа Ален.
Таа пресметала дека нејзиното семејство заштедило приближно 1.100 евра на тоалетна хартија за три години.
„По искористувањето, ги ставаме валкани марамчиња во посебна корпа, а ги переме секој втор ден, но не заедно со друга облека“, рекла Ален и признала дека во куќата секогаш има класична тоалетна хартија за гостите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram