Џеди Осман, еден од најдобрите турски кошаркари, денес ќе се жени во родниот Охрид со турската актерка Ебру Сахин.
Одморот помеѓу двете НБА-сезони ќе го искористи да направи свадба во Охрид за да им ја исполни желбата на родителите. Венчавката ќе ја направат на јатха во Охридското Езеро.
Кошаркарот на Кливленд Кавалирс одморот го поминува со својата девојка, познатата турска актерка Ебру Сахин, која на социјалните мрежи сподели видео од забавата во Охрид.
Осман и Шахин се во друштво на пријателите и семејството, а во заднина се слуша „Миљацка“ на Халид Бешлиќ.
View this post on Instagram
Кошаркарот своето детство го има поминато во Охрид бидејќи таму е роден. Татко му е Турчин, а мајка му Србинка од Нови Пазар.
Девојката на Џеди е турската актерка Ебру Шахин, која се прослави со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“, каде што го толкува ликот на Рејан Шадоглу.
Кошаркарот ја побара за сопруга во Кападокија по една година врска. Познатата актерка и модел тогаш сподели неколку фотографии на „Инстаграм“.
Ебру, која на публиката ѝ е позната од нејзините улоги во турските серии, има дипломирано на спортскиот универзитет во Истанбул. По студиите, почнала да оди и на часови по глума на филмското платно дебитира во 2016, а првата серија во која се појавува е „Мојот татко“.
View this post on Instagram