Рики Мартин доби забрана за приближување од непознат маж од Порторико според кој тој и пејачот имале афера. Наводно мажот стравувал за својата безбедност бидејќи по раскинувањето со пејачот два месеца подоцна Рики Мартин одел пред неговиот дом.
Се огласи и Рики Мартин, изјавувајќи дека целата приказна е лага.
„Забраната против мене е заснована на потполно лажни тврдења, па јас ќе одговорам со факти и достоинството што ме карактеризира. Бидејќи ова е легален проблем, не можам да дадам детална изјава“, напиша Рики мартин на Твитер.
Поради забраната за приближување, Рики Мартин не смее да го контактира мажот на никаков начин, сè додека судија не одреди дали забраната треба да продолжи да важи.
Набрзо откако приказната допре до медиумите, се огласија адвокатите на Рики Мартин:
„Обвиненијата против Рики Мартин кои доведоа до забрана за приближување се потполно лажни и измислени. Ние сме сигурни дека кога вистината ќе излезе на виделина, нашиот клиент Рики Мартин ќе биде ослободен од сите обвиненија“.
Инаку, 50-годишниот Рики Марин е во брак со 37-годишниот Џуан Јозеф од 2017 година.