Лиценцираниот финансиски советник Фреди Финанс објави видеоклип на социјалната мрежа „Тик-ток“ објасни кои три земји ви нудат пари за да се преселите и живеете таму.
Фреди исто така предава финансиска писменост и им помага на луѓето да градат приходи. Неговиот профил на „Тик-ток“ е полн со интересни содржини, а една од нив е видео во кое тој објасни колку имаат да понудат Швајцарија, Италија и Грција.
Швајцарската општина Албинен е место каде што ќе ви понудат 25.000 долари само за да се преселите таму и 10.000 долари по дете. Единствениот услов е да сте помлади од 45 години и да сте таму жител најмалку 10 години.
Вториот е Сицилија во Италија, најголемиот остров во Средоземното Море, можете да добиете можност да живеете таму со купување недвижен имот што локалното население го нуди за 1 долар. Сепак, тој простор треба да го реновирате во износ од 17.800 долари, а пред тоа да платите депозит од 5.900 долари.
Антикитера, остров во Грција каде што ќе ви даде сопствено парче земја и ќе добивате 590 долари месечно во наредните три години.
@freddiefinance 3 countries that will PAY you to move there! #personalfinance #learnontiktok #moneytok IB: @Hoskin Capital ♬ Paris – 斌杨Remix