Продуцентот Рандал Емет наводно го наговорил Брус Вилис да продолжи со снимањето на Midnight in the Switchgrass и покрај неговата болест.
Ова се случило во септември 2020 година иако Емет знаел дека Вилис имал потешкотии да меморира текстови и да изведува акробации.
Тој бил лут кога актерот не успеал да ја скрши вратата за потребите на снимањето. Поради оваа причина тој вербално го нападнал, а потоа го напуштил сетот. Вилис бил збунет и ги прашал своите колеги што се случило.
Емет ги негираше тврдењата и додаде дека не бил свесен за фактот дека здравјето на Вилис се влошило. Сепак, продуцентката Алиша Хаверленд рече дека само некој што е слеп не видел колку Вилис се мачел.
Инаку, Емет веќе има лоша репутација во филмската индустрија поради наводното несоодветно однесување кон жените и колегите кои ги малтретира.
На холивудскиот актер му е дијагностицирана афзија поради што се повлече од актерството.