На американската рок легенда Карлос Сантана му се слоши за време на концертот во Мичиген, кој се одржа во вторникот вечерта, пренесе Huffpost.
Откако бил однесен од сцената, организаторите ги замолија сите да го испразнат амфитеатарот кој се наоѓа во близина на Детроит.
They finally took #CarlosSantana off stage. He waved as he left! 💙🎶 @PineKnobMusic #Detroit pic.twitter.com/yT5J68MZ3L
— Independent Thinker (@ImaLiberal66) July 6, 2022
Сантана е еден од најголемите и најиновантни гитаристи на сите времиња, а овој месец ќе наполни 75 години.
Во декември минатата година, тој мораше да ги откаже настапите исто така поради здравствени проблеми. Познатиот гитарист морал да оди на операција на срцето.
„Се чувствував како слон да ми седна на прстите“, објасни Сантана во интервју за Las Vegas Review Journal, по операцијата и додал дека една од артериите му била 94% запушена.
Во јануари годинава тој се врати на сцената, а во февруари требаше да одработи уште неколку настапи, но со остатокот од бендот тогаш се заразија со корона.
Американскот гитарист се прослави со легендарниот настап на Woodstock фестивалот во 1969 година, каде настапувал со истоимениот бенд.