Реакциите на здравствени работници веднаш по смртта на нивните пациенти се снимаат и се постираат на социјалната мрежа Тик-ток. Ова е новиот бизарен тренд на оваа платформа.
На снимките главно се гледа како медицинските сестри нервозно шетаат по болничките ходници или едноставно обесхрабрено гледаат во камерата.
— nikki (@ateenyalien) July 2, 2022
Еден корисник на Твитер сподели едно такво видео од Тик-ток со коментар: „Човеку, не можам да верувам дека мојот пациент почина, веднаш ќе се снимам за на Тик-ток“.
Видеата понекогаш вклучуваат објаснување за ситуацијата, како ова, каде што еден корисник напиша: „Денес го изгубив мојот прв пациент. Неговото семејство не можеше да биде тука за него. Затоа го направив она што би го направила секоја медицинска сестра. Седнав до него и го држев за рака додека не издиша“.
@halesimpson Answer @im_siowei ♬ original sound – Hale!