Почина глумецот Џејмс Кан, ѕвездата на култниот филм „Кум“

Aмериканскиот глумец Џејмс Кан, кој се прослави со улогата на Сони Корлеоне во култниот филм „Кум“, почина на 82 години. Информацијата за неговата смрт е објавена на неговиот твитер-профил.

„Со голема тага ве информираме за смртта на Џими вечерта на 6 јули. Семејството го цени изливот на љубов и срдечното сочувство и ве замолува да продолжите да ја почитувате нивната приватност во ова тешко време“.

За улогата во „Кум“, Кан беше номиниран за „Оскар“. Ја одби улогата на Џек Николсон во филмот „Лет над кукавичиното гнездо“, а во текот на својата долга кариера глумеше во „Коцкар“, „Убиствена елита“, „Лас Вегас“, „Бакнеж за збогум“ и други.

Scroll to Top