(Галерија) Се омажи Зои Блаж со ракометарот Тадеј, на свадбата до сабајле невестата играше качена на тапан

Поранешната пејачка и мејкап-артист Зои Блаж, се омажи за словенечкиот ракометар Тадеј Матијасиќ.

Зои место бела, носеше кремава венчаница која ја следеше линијата на телото, а на главата украсно бело венче.

Свадбата беше надвор од Скопје, во ресторан покрај езеро. Првиот танц го играле на песната „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ.

За веселбата пееле и учесниците во ѕвездите на Гранд, Мартинијан Кириловски и Мими Јовановска. Зои објави фотографии и видеа од свадбата на која освен класична венчаница, одбрала и кратко здолниште кое го искомбинирала со патики.

Кога атмосферата се вжештила Зои се качила и на тапан. Покрај играње оро, народни песни, имало и журка со забавна музика. За микрофонот се фатила и Александра Јанева, а кулминација на свадбата бил Бока конга кој ги забавувал гостите со латино музика. По него до рано сабајле музика пуштал на Дј Мац.

Scroll to Top