Диетата на Клои Кардашјан со која ослабе 27 килограми

Најмладата сестра на Кардашјан, Клои, постојано е на мета на критики поради изгледот, а како и самата вели секогаш се чувствувала грозно покрај сестрите поради вишокот килограми.

Таа рече дека пред четири години ги променила навиките и оттогаш внимава, не само на конзумирањето калории, туку и намирниците да бидат богати со влакна, минерали и протеини. пренесе Fabbon.

Иако негира, многумина тврдат дека нејзиниот изглед е поради операцијата за намалување на желудникот. Таа пак тврди дека добриот изглед е резултат на вежби и здрава исхрана.

Таа објасни дека на крајот изгубила 27 килограми со 6 оброци во текот на денот, но дополни и дека секој треба да го слуша својот организам.

Клои рече дека пред секој тренинг јаде масло од бадеми и џем. За доручек има овесна каша со мелени ленени семиња, јајца и бобинки. За ручек пилешко или риба полна со салати и зеленчук како спанаќ, цвекло, аспарагус или брокула. По ручек за ужина има овошје или зеленчук или грст бадеми и бобинки. За вечера има грашок или ориз или риба и зеленчук.

На социјалните мрежи често објавува фотографии од вежбална, но во последно време се најде и на мета на критики заради тоа што претерала со вежбање и губење килограми.

„Ова изгледа многу нездраво. Сега ѝ се гледаат коските. Тоа не е здраво. Изгледа одлично, но се чини дека претерала“, беа само дел од критиките на фановите.

 

 

Scroll to Top