Ѓоковиќ го освои Вимблдон и падна четири места на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, но падна четири места на листата на најдобри тенисери оти АТП и сега е седми. Светската тениска федерација реши да ги казни организаторите на турнирот поради нивната одлуката да им забранат на руските и белоруски тенисери да играат на Вимблдон, па играчите не добиваа бодови за овогодинешното издание. Ѓоковиќ го освои Вимблдон и лани, па затоа загуби 2.000 бодови.

Најголем пад помеѓу најдобрите тенисери има Матео Беретини, кој лани играше финале, а оваа година се откажа на самиот старт поради Ковид-19 и падна на 15. место.

Прв на АТП листата и понатаму е Данил Медведев кој не играше во Лондон, но остана без 180 бодови. Толку загуби и второпласираниот Александар Зверев кој оваа година не играше поради повреда. По едно место поради падот на Ѓоковиќ напредуваа Надал, Руд и Алкараз. Во топ 10 се наоѓаат уште Андре Рубљов, Феликс Оже-Алијасим и Јаник Синер.

Scroll to Top