Мишел Фајфер, безвременска убавина на 64 години

Мишел Фајфер важи за една од најубавите жени на филмското платно. Неодамна позираше без шминка и покажа како изгледа на 64 години. Славната актерка има безвременска убавина, а на фотката е со нејзините сестри. „Нема подобар начин како да го поминам 4-јули отколку со моите прекрасни сестри. Многу сум среќна. Се надевам дека и вие сте имале убав ден“ – напиша таа за фотката на Инстаграм

Фајфер зад себе има многу филмски хитови, а еден период паузираше од филмот и се посвети на своето семејство.

Мишел двапати се венчаше, првиот пат со актерот Питер Хортон во 1981 година. Парот соработуваше заедно на филм, но во 1988 се разведоа.

По разводот, Фајфер на филмскиот фестивал во Њујорк го запозна актерот Фишер Стивенсон со кој била во врска три години. Се венчаше во 1993 година со продуцентот Дејвид Е. Кели со кој и денес е во брак. Парот заедно има две деца, синот Џон Кенри (26) и ќерката Клаудија Роуз (28).

Scroll to Top