Изложени ракописите на Чарлс Дарвин, кои мистериозно исчезнаа пред 21 година

Ракописите на Чарлс Дарвин кои мистериозно исчезнаа пред 21 година сега се изложени во библиотеката на Универзитетот Кембриџ. Ракописите беа исто така на мистериозен начин вратени откако пред повеќе од две децении им се изгуби секаква трага.

Библиотеката на Универзитетот Кембриџ ја отвори изложбата Darwin In Conversation exhibition. Станува збор за двата ракописи на творецот на теоријата на еволуцијата Чарлс Дарвин кои мистериозно исчезнаа во 2001 година.

Тие биле најдени завиткани  во портокалова хартија, каква што се користи за подароци. На неа имало белешка на која на вработените им се честитало Велигден.

Сега јавноста има можност повторно да ги прегледа драгоцените ракописи на еден од најпризнатите научници во историјата. Поедини експерти коментирале дека ракописите биле загубени некаде на полиците.

Исчезнувањето е пријавено во 2020 година, а по деталното и безуспешно пребарување на библиотеката. Набрзо по објавувањето дека ги нема, тие мистериозно се појавиле споменатата библиотека. Тогаш било наведено дека ги оставила анонимна личност.

Меѓу споменатите ракописи се наоѓаат и некои негови култни тефтери, меѓу кои и онаа со скицата од Дрвото на животот од 1837 година. Овие ракописи имаат непроценлива научна вредност.

Scroll to Top