Ар Кели, кој е осуден за сексуално насилство, е свршен со една од неговите жртви

Пејачот Роберт Aр Кели, наводно, е свршен со една од неговите жртви, пишува ‘Ти-ем-зи’.

Џојслин Севиџ во писмо до судијката Ен Донели открила дека е свршена со Кели неколку моменти пред пејачот да биде осуден на 30 години затвор поради тешки сексуални кривични дела – водење шема за регрутирање жени и малолетни деца за секс. Кели беше прогласен за виновен по сите точки на обвинението, меѓу кои и сексуално искористување малолетници, киднапирање и поткуп.

Во допис до судијата, а кој ‘Ти-ем-зи’ го објави во понеделникот, стои: „Моето име е Џојслин Севиџ, јас сум свршеница на Роберт Кели. Го пишувам ова писмо како поддршка на Роберт пред неговата пресуда, за да можам да му објаснам на судот дека не сум жртва како што ме претстави владата. Врската со Роберт е неверојатна и ние сме длабоко вљубени. Сè уште го поддржувам Роберт до ден-денес бидејќи го сакам и секогаш ќе бидам тука да го поддржувам. Роберт не е чудовиште како што го опиша владата. Роберт што го познавам е многу сладок, нежен и љубезен. На крајот на денот, тој секогаш грижеше за мене, како и за сите други жени со кои бил. Тој е голем човек, со големо срце и заслужува да биде дома со своите сакани кои се подготвени да го поддржат,“ стои во писмото.

Scroll to Top