Фустан во боја на модар патлиџан за Охридско лето: Лидија Георгиева ја облече првата дама

Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер беше на отварањето на Охриско лето. За овој културен настан одбра долг елегантен фустан во боите на модар патлиџан, дизјанерско парче на Лидија Георгиева.

„Се работи за долг елегантен фустан во тонови на шумски плодови. Охрид е центарот на филигранството и сметавме дека како дел од нашето културно наследство, треба да дадеме придонес во афирмацијата на овој стар занает. Се работи за неколку стилизирани листови кои беа изработени според мој цртеж. Фустанот е одбран во духот на оддржлива мода, прв пат Елизабета го носеше на традиционалниот новогодишен прием за дипломатите“, изјави модната дизјанерка Лидија Георгиева за Репортер.

62. Охридско лето беше отворено со говор на претседателот, интонирање на македонската химна, палење на фестивалскиот оган, огномет и концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Диригираше маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од Оркестарот на Македонската опера и балет.

 

[/video]

 

 

Scroll to Top