Ким Кардашјан на одмор со дечкото, кој ретко го покажува

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е на одморот со партнерот Пит Дејвидсон. Ким на својот Инстаграм профил сподели серија фотографии каде тие двајца уживаат покрај базен, одмараат и разменуваат нежности. 

Парис Хилтон и напиша на Ким дека е многу среќна поради неа, а под фотографиите нејзините следбеници и оставија коментари со поддршка за нивната врска.

Ким и комичарот ја започнаа врската во ноември минатата година, а папараците првпат ги уловија во јануари на одмор на Бахамите.

Неодамна на својот Инстаграм профил Ким сподели фотографии од својата ќерка Норт на која е особено горда бидејќи ја следи модата. Имено, таа ја понесе со себе на модната недела во Париз, каде што малото девојче со своите модни креации привлече повеќе внимание од самата Ким, па јавноста ја нарече мала уметница која ги следи новите трендови.

 

Scroll to Top