Девојка на „Редит“ се пожали дека дечко ѝ ја поканил на одмор, во куќата на неговите родители, а потоа ѝ побарал пари за нејзино одржување. Објаснила дека била пресреќна кога ја поканил, но дека брзо се изненадила кога ѝ побарал 300 до 400 долари за годишно одржување.
Јавно ги праша фановите дали барањето на дечко ѝ било исправно.
„Моите баба и дедо имаат голема куќа во која секогаш некој од нивното семејство доаѓа на гости и ужива за време на годишните одмори. Поради тоа што куќата е стара, потребно е постојано некој да вложува во неа и да ја одржува“, рече таа.
Дечкото ѝ објаснил дека неговите баба и дедо уште кога биле млади самите ја поправале и одржувале куќата, но затоа што веќе се во години и не повеќе не се способни, секој кој ќе доаѓа мора да плаќаат професионални мајстори.
„Поради тоа почнавме да го наплаќаме престојот. Правило е, секој кој е постар од 20 години да мора да плати годишен надомест за да може да доаѓа на одмор. Цената зависи од бројот на гости и трошоците за нејзино одржување“, ѝ објаснил дечкото.
Тој секоја година плаќал годишен надомест и мислел дека за неа тоа нема да биде никаков проблем.
„Сакав да те запознаам со оваа традиција затоа што со тебе сакам да поминам многу лета во иднина во оваа куќа“, ѝ рекол дечко ѝ.
„Годишниот надомест е меѓу 200 и 400 долари, во зависност од тоа колку луѓето ја користат оваа куќа, поради големите поправки на кровот и штетата која ја направила водата“, ѝ рекол тој кога ѝ побарал пари.
Откако почнале да се расправаат, му одговорила дека летото ќе го помине без него.
„Ова правило е многу едноставно и фер. Не разбирам зошто мислиш дека треба да си исклучок“, ѝ рекол тој.
И брат му го советувал тој да го плати нејзиниот дел, затоа што родителите сакале да ја запознаат. Тој пак сметал дека не е фер да плаќа и за неа, кога таа е способна и самата.
Голем број од фановите застанале на нејзина страна и го нападнале дечко ѝ затоа што ѝ барал пари да си го плати одморот.
„Во право е што не сака да плати 200 до 400 долари за викенд во трошна куќа, која треба да ја дели со некого. Тоа не е семејно наследство, не е емотивна врзана за таа куќа. Премногу дрско од негова страна“, коментирале некои од нив.
Други пак прашале што ќе се случи ако девојката плати, а потоа раскинат. Дали таа ќе има право да престојува во куќата во текот на годината.