Се самоуби српската манекенка Бојана Шарац

Почина српската манекенка Бојана Шарац, пренесуваат српските медиуми. Според неофицијални информации, девојка се самоубила.

Во светот на модата нејзиното име е добро познато. Успешно се занимаваше со манекенство во Србија и странство, додека пошироката јавност ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за песната „Марија“.

Бојана Шарац имаше 28 години и студирала психологија. Манекенката нејзината последна фотографија ја објавила пред два дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bole (@bolemene)

Scroll to Top