Актерот Алек Болдвин на неговите следбеници на социјалните мрежи им одговори на прашањето кое често му го поставуваат, а се однесува на тоа што тој со неговата сопруга Хиларија имаат шест деца, додека седмото е на пат.
„Луѓето коментираат колку деца имаме и прашуваат зошто. Еве зошто. Она што ми е најважно во овој живот се овие луѓе“, напиша тој и објави видео на кое сопругата Хилари им дава шишиња млеко на нивните најмали деца, додека Едуардо и Лусија се облечени во комбинезони кои личат на кучиња, со додатоци за опашки и уши.
„Некои деца сакаат да бидат суперхерои и членови на кралското семејство, а моите бебиња сакаат да бидат кученца… Затоа што тие се љубители на животни“, напиша Хиларија.
За потсетување, Болдвин ја има и ќерката Ајрленд, од бракот со глумицата Ким Бесинџер.
View this post on Instagram