Рики Мартин денеска ќе сведочи пред судот во Порторико за да одговори на обвинувањата од неговиот внук пред неколку дена, а кои доколку се докаже дека се вистинити, пејачот може да добие затворска казна до 50 години, пренесува TMZ.
Според медиумите, Рики Мартин денеска на суд ќе ги отфрли сите обвиненија и ќе ја каже својата страна од приказната, иако виртуелно.
Да потсетиме, внукот на Мартин изјавил дека нивната врска траела седум месеци и дека пејачот го демнел и малтретирал.