Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Џадел Санчез, се откажа од обвинувањата за инцест, пишуваат странските медиуми.
Денис го отфрли случајот, а судијата ја укина привремената забрана.
„Како што очекувавме, судот не ја продолжи наредбата за привремена заштита. Обвинителот му потврди на судот дека неговата одлука за отфлање на случајот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму“, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Рики Мартин.
За потсетување, внукот тврдел дека тој и Рики имале седуммесечна сексуална врска, а откако таа завршила, Рики, според зборовите на внукот, почнал да го демне и малтретира.