(Видео) Премиер пиел од света река за да им докаже на луѓето дека водата е чиста, одма со хеликоптер го однеле во болница

Премиерот на провинцијата Пенџаб, Багвант Ман, пиел вода од светата река Кали Беин, во Султанпур Лоди, за да им докаже на томашните мештани дека е чиста. Одма потоа побарал лекарска помош, пишува „Индипендент“.

Инцидентот се случил на 22-годишнината од операцијата наменета за чистење на реката, започната во 2000 година, а Ман пиел од реката за да се пофали со успехот.

Пред неколку децении, отпадните води и индустрискиот отпад отворено течеа во Кали Беин додека плевелот растел по бреговите. Иако реката е многу почиста од порано, во никој случај не се препорачува да се пие.

Ман бил примен во болницата Индрапрашта Аполо во Делхи, поради болки во стомакот. Според некои извори таму е од вторникот. Бил донесен со хеликоптер од неговата резиденција во Чандигарх.

Реката е од голема важност за религијата Сики. Се смета дека Нанак Дев, првиот Нанак, се верува дека просветлувал таму.

Scroll to Top