Кога турската актерка Ебру Шахин пред неколку недели се венча со турскиот кошаркар Џеди Осман, кој е роден во Охрид, таа постојано споделува фотографии од плажите покрај Охриското Езеро. Таа објави фотографии на кои позира во костим за капење, а кои се направени на плажата во Љубаништа. Интересно е тоа што во Турција медиумите мислеле дека фотографиите се направени на Малдивите, каде што парот замина на меден месец по венчавката во Охрид и свадбата во Турција. Па, така, во медиумите објавени се фотографии од Лубаништа во Охрид, а пишува дека дека парот е на Малдиви.