Том Круз e опседнат со себе и својот изглед, тврди неговата поранешна менаџерка

Ајлин Берлин, првата менаџерка на Том Круз тврди дека глумецот е опседнат со себе и својот изглед, но и дека е ужасен за соработка. Ајлин работела со Круз кога имал 18 години, а во еден период, кога бил во тешка фаза од животот, му дозволила и да живее во нејзината куќа.

„Том беше толку опседнат со изгледот што го помина цел ден експериментирајќи со пози за неговата прва фотосесија. Се подготвуваше за фотосесијата парадирајќи во долна облека. Имавме ѕид од огледала и тој се шеташе во шорцеви и ги стискаше тупаниците и бицепсите восхитувајќи се од себеси во огледалото“, рекла таа во интервју.

„Тој сакаше да го покажува своето тело. Беше многу горд на тоа. Проблем му беше што не е многу висок, па ми кажа дека би сакал да носи чевли што ќе му дадат малку висина”.

 

Иако Круз демантира дека имал пластични операции, некои медиуми пишуваат дека направил операција на носот, трансплантација на косата и ретуширање на забите. Берлин вели дека нема да се изненади ако дознае дека Круз навистина бил подложен на процедури.

„Мислам дека ќе направи сѐ што е потребно за да го задржи својот младешки изглед што е можно подолго“, тврди таа.

Таа во интервјуто вели и дека глумецот отсекогаш бил многу егоцентричен.

„Секогаш сè се вртеше околу него. Само јас, јас, јас и јас. Отсекогаш имал проблеми со контрола на бесот. Не ме изненади што сите негови три брака, со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, завршија со развод. Мислам дека не му се допаѓаат луѓето. Му се допаѓа тоа што го прави само тој. Тажна сум поради него. Мислам дека е осамен. Се додека може да работи и да ги снима своите филмови, ќе биде добро. Што ќе се случи кога веќе нема да може да го прави тоа, не знам“, додала таа.

 

Scroll to Top