Олена и Володимир Зеленски на насловната на „Вог“: првата дама стана клучен играч и лице на емоционалната жртва на нацијата

Првата дама на Украина Олена  и нејзиниот сопруг, претседателот Володимир Зеленски се најдоа на насловната страница за октомвриското издание на магазинот Вог.

Првите фотографии беа објавени на официјалниот профил на Вог на Инстаграм, каде Олена и Володимир зборуваат за животот во време на војна, нивниот брак и заедничката историја и нивните соништа за идината на Украина.

Во описот на фотографиите стои, како што војната во Украина влегува во критична нова фаза, првата дама на земјата, Олена Зеленска, стана клучен играч , односно дипломат од првите редови и лице на емоционалната жртва на нејзината нација.

„Ова беа најужасните месеци од мојот живот и животот на секој Украинец“, рече таа за Вог во интервју направено во Киев.


Кога претседателот Володимир Зеленски првпат одлучил да се кандидира за функцијата, првата дама била вознемирена.

„Го почитував неговиот избор и сфратив дека ова е важен чекор за него. Во исто време чувствував дека мојот живот и животот на моето семејство ќе се сменат доста радикално. Промената би била долготрајна и доста сложена“, вели таа.


Сега, среде војна, парот никогаш повеќе не се потпирал на нивното силно партнерство и брак.

„Олена навистина е мојот најдобар пријател. Таа е и патриот и длабоко ја сака Украина. И таа е одлична мајка “, вели претседателот Зеленски.

Во Украина, десетици илјади жени беа на првите линии на фронтот, вклучително и во борба, а улогата на првата дама Олена Зеленска се повеќе се сврте кон дипломатијата на првата линија.

Таа неодамна отпатува во Вашингтон, иако во неофицијална, ненајавена посета, и се сретна со претседателот Бајден, првата дама д-р Џил Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен. Таму, таа се обрати и до Конгресот, велејќи им на двопартиската група пратеници дека зборува како мајка и ќерка, а не само како прва дама.

„Барам нешто што никогаш не би сакал да го побарам: барам оружје – оружје што нема да се користи за водење војна на туѓа земја, туку за заштита на својот дом и правото да се разбудиме жив во тој дом. “, рече таа  во обраќањето.

Да се биде прва дама не е улога што Олена Зеленска некогаш сакала да ја игра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Ми се допаѓа да бидам зад сцената – ми одговараше. Преселувањето во центарот на вниманието беше доста тешко за мене “, рече таа.

Олена и украинскиот претседател Володимир Зеленски се запознале во средно училиште, почнале да се забавуваат додека биле студенти на универзитет и имаат исполнет живот пред Зеленски да ја добие претседателската функција во 2019 година.

 

Scroll to Top