Во Ангола пронајден најголемиот розов дијамант

Рударите во Ангола го ископаа најголемиот розов дијамант. Дијамант со ваква големина досега не бил откриен во последните 300 години. Австралискиот оператор и пронаоѓач на дијаманти во Ангола, објасни дека каменот е со 170 карати и дека му го дале името Луло Росе.

Најден е во рудникот Луло на североистокот на земјата, предел кој се смета за едно од најбогатите места со дијаманти. Овој дијамант претставува еден од најретките и најчистите форми на природни камења, а неговото откритие го поздрави владата на Ангола, која е партнер во рудникот.

„Овој спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Дијамантино Азеведо и додаде дека дијамантот ќе биде продаден на меѓународен натпревар.

Scroll to Top