Голманот Леман со моторна пила му ја уништил гаражата на соседот

Поранешниот германски голман Јенс Леман, со моторна пила му ја уништил гаражата на соседот, пренесоа германските медиуми. Претходно се расправале за местото на кое мајсторите почнале да ја градат, а Леман им објаснил дека му го блокирала погледот кон езерото.

Инцидентот се случил во близина на Штарнбершкото езеро, а соседот не ги земал во предвид забелешките на поранешниот голман на Борусија Дортмунд и Арсенал ѝ ја направил без негова дозвола. Безбедносните камери го снимиле Леман како почнал да му ја уништува гаражата.

Полицијата одма покренала истрага, а подоцна се открило дека Леман учествувал и во други три инциденти и направил штета од преку 10.000 евра.

Полицијата откри дека Лемам бил во многу лоши односи и со другите комшии, а минатата година бил отпуштен од Херта, каде бил член во управниот одбор поради расистички изјави. Иако подоцна се извинил, сепак бил отпуштен.

За потсетување, Леман куќата покрај езерото ја купил пред 15 години, а ја платил пет милиони евра. Леман покрај за Борусија Дортмунд и Арсенал, бранеше и за Шалке, Милан и Штутгард. Подоцна беше и тренер на голманите на Арсенал, помошен тренер во Аугзбург и член во управата на Херта.

Scroll to Top